Тотална револуција - Алибаба ќе продава коли преку џиновски автомат
Објавено во: Економија 05 Август, 2017
Кинескиот трговски онлајн гигант Alibaba планира да воведе тотална револуција во начинот на кој ќе се купуваат автомобили со тоа што во Пекинг наскоро ќе постави џиновски автомат за коли од каде корисниците ќе може да си го подигнат моделот кој претходно го нарачале преку интернет.
Услов за купување автомобил е клиентите на Алибаба да имаат 750 кредитни поени на Sesame кредитниот сервис за потрошувачи, да платат 10% учество за автомобилот и потоа да плаќаат неверојатни ниски месечни рати.
Реализацијата на проектот Алибаба ќе ја врши преку нивната компанија Tmall која ќе биде задолжена за изградба и оперирање со автоматот за коли. Според нив купувањето на автомобил во Кина ќе биде толку лесно исто како да сте купиле сок или кафе од автомат за пијалоци.