17 Јануари, 2025
0.0279

Трагедиите на македонското небо – дури три несреќи со хеликоптери МИ-17!

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Воздухопловните несреќи се поретки отколку несреќите што секојдневно се случуваат на патиштата. Но, одеднаш можат да однесат многу жртви. Пилоти, војници, па дури и претседател на држава загуби Македонија во воздухопловни катастрофи. Во релативно кратката историја на цивилното воздухопловство во земјава, бројот на несреќи не е мал. За голем број од овие катастрофи причините не се докрај расветлени, а по нив останале многу неодговорени прашања. Првата авионска несреќа во Македонија од цивилен карактер, според хроничарите на македонското воздухопловство, се случила на 22 октомври 1951 година. Авионот на ЈАТ, Douglas C-47А-20-DК со регистрација YU-АCC, што полетал од Белград се урнал на аеродромот во Скопје. Загинале 12 луѓе. На 22 септември 1975 година авион од типот Antonov 2R со регистрација SP-WNZ на операторот ZUA (Zakladu Uslug Agrolotniczych) при слетување на Скопскиот аеродром се судрил со Antonov со регистрации SP-WOB, исто така од ZUA. Другото летало, Antonov 2R SP-WOB не било толку уништено колку првото, па било отпишано од полскиот регистар и во 1978 се поправа и пререгистрира како YU-BLD. На 24 Јули 1992 карго авион Antonov 12 BK на Volga - Dnepar Airlines со регистрација CCCP-11342 се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродронот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица. Овој карго лет пробувал да заобиколи бура. На 5 март 1993 година, на полетување од Скопскиот аеродром, се урна патнички авион ФОКЕР 100 на компанијата Палер Македонија со 97 патници. Во несреќата загинаа 86 лица. Во 9 и 40 утрото Фокерот пристигнал од Франкфурт, а требало да се врати назад нешто после 11 часот. Фокерот започнал со полетувањето во 11:11 користејќи ја пистата 34 на Скопскиот аеродром. Две секунди откако полетал започнале силни вибрации и наеднаш се навалил прво за 10 степени надесно, потоа 50 степени налево и потоа 55 надесно. Десното крило удрило во земјата, на 382 метри оддалеченост од пистата. Крилото се разделило а трупот се разделил на 3 дела. Во аналите за несреќата, е запишано дека причина за падот на Фокерот е тоа што крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што довело до негов дефект и паѓање. Само осум месеци подоцна, на 22 ноември истата година, кај Охридскиот аеродром, се случи и втората поголема воздухопловна несреќа. Патнички авион „Јак-42Д“ на Авиоимпекс се урна поради грешка на пилотот и однесе во смрт 115 луѓе - само еден преживеа. Авионот беше на рута од Женева до Скопје каде што требаше да слета. Меѓутоа поради лошите временски услови беше пренасочен кон Охридскиот аеродром на принудно слетување. Се урна во блиската Тројан-планина. На 18 септември 1995 авион Antonov 2R која беше ангажиран во гасење пожари се урна во близина на Скопје. Загинаа два члена на екипажот. На 17 март 2001, во текот на воениот конфликт во Македонија, воен хеликоптер МИ-17 удри во бетонски столб на Попова Шапка. Загинаа пилотот и инженерот, а десетина војници беа повреди. Во авионска несреќа надвор од Македонија, на 26 февруари 2004, во близина на Мостар загинаа македонскиот претседателот Борис Трајковски, шест негови соработници и двајцата пилоти на владиниот „Кингер“. Причините за несреќата одново се расветлуваат со повторената истрага предводена од босанскиот експерт Омер Кулиќ. Тој најавува дека во текот на годинава ќе го објави извештајот што ќе фрли конечно светло врз причините за пад на „Кингерот“. На 12 јануари 2008 хеликоптер МИ-17 на АРМ се урна кај месноста катлановско Блаце. Притоа загинаа 11 мировници на АРМ кои се враќаа од мисијата „Алтеа“ во БиХ. Хеликоптерот се урна на само 10-тина километри од скопскиот аеродром, а пилотот не пријавил проблеми со леталото. Од Контролата тврдат дека пилотот побарал да биде воден со радар во процедурата за слетување бидејќи имало сложени метеоролошки услови и намалена видливост до 3.000 метри поради магла. Тогашниот државен јавен обвинител Љупчо Шврговски ја затвори истрагата со став дека причина за несреќата е необученост на пилотите за летање во сложени временски услови. На 28 август 2008 година, авион од типот Цесна со регистарски таблици ZL-DCV се урна во месноста Скребатно кај с. Лескоец, во близина на Охрид. Во несреќата животот го загубија пилотот и тројца патници во авионот. За среќа избегната е поголема катастрофа бидејќи авионот удри во автомобил фиќо во кој во моментот се наоѓаше малечко девојче. Истото освен претрпен шок нема други повреди. Очевидци велат дека авионот летал ниско, имал неправилна работа на моторот, по што се урнал најверојатно обидувајќи се да ја избегне толпата. Последниот црн настан во македонската воздухопловна историја е катастрофата на полицискиот хеликоптер МИ-17 кај Струмица, што се случи на 10 јули 2014 година и во која животите ги загубија четворица врвни пилоти на МВР. Според очевидци, хеликоптерот удрил во 120 - метарски столб на Македонска радиодифузија, потоа паднал на земја и експлодирал. Пилотите исто така не пријавиле проблем со леталото. Истрагата за овој настан уште трае, а ја води експертска комисија предводена од Јавното обвинителство. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби