ТРАГЕДИЈА ВО БиХ: Осум млади луѓе се задушија на новогодишната ноќ
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2021
Утре e ден на жалост во БиХ поради смртта на осумтe тинејџери.
Советот на министри на БиХ донесе одлука 2 јануари да биде прогласен за Ден на жалост поради трагедијата во Трибистово, во општина Посушје, каде починаа осум млади луѓе на новогодишната ноќ. Неофицијално, осумтемина починати се четири момчиња и четири девојки од 18 до 19 години, а се претпоставува дека се задушиле со плин од агрегат кој ја снабдувал куќата со електрична енергија. Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, испрати телеграма со сочувство до семејствата на жртвите.