Трагедија за време на Мундијалот: Автомобил влета меѓу пешаци
Објавено во: Свет 04 Јули, 2018
Еден човек почина и тројца се повредени кога автомобил влета меѓу пешаци во Сочи, Русија, пренесува Ројтерс.
Руската полиција соопштила дека најверојатно возачот заспал зад воланот, а лицето кое подлегнало на повредите е 63 годишен локален жител. Повредените се пренесени во болница, а Сочи е еден од градовите во Русија каде се одржуваат натпреварите од Светското првенство.