Трајaнов: Идеите за големи држави на Балканот секогаш завршувале со крвав расплет
Објавено во: Македонија 18 Март, 2018
Претседателот на Демократскиот сојуз (ДС), Павле Трајанов во обраќањето по повод 18 години од формирањето на партијата кажа дека национализмот и идеите за големи држави на Балканот секогаш завршувале со крвав расплет.
Тој вели дека сите сме одговорни за иднината на државата, треба да ја чуваме, оти без држава ќе не снема и како народ.
„Стабилноста, имплементацијата на европските вредности и разрешување на отворените прашања со соседите, се гаранција за деблокирање на евро-атланските процеси и отварање на вратите за влез во НАТО и ЕУ. Дали ќе се одлучиме за иднината или ќе се вратиме во минатото, зависи од нас“ - вели Трајанов.
Трајанов уште еднаш го повтори партискиот став дека треба да се направат промени во изборните законски решенија, а Македонија да биде една изборна единица.