16 Јануари, 2025
0.0263

Трајчевски: Нема да подлегнеме на притисоци, ќе работиме професионално

Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Имам притисоци од повеќе страни, вели за „Мета“ директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), Зоран Трајчевски, на прашањето дали политичките партии се обидуваат да влијаат врз него.

„Нема да подлегнеме и ќе работиме професионално и транспарентно како и досега“ – вели Трајчевски.

Ад хок телото за назор на медиумите со три гласа „за“ и со еден „против“ во петокот одлучи ААВМУ да поведе прекршочна постапка против телевизите „Нова“ и „Сител“ за неизбалансираност во известувањето.

За другите радиодифузери чие известување беше предмет на набљудување, не беа констатирани прекршувања на Изборниот законик.

Во случајот на телевизија „Нова“, за предлогот на членот Горан Трпеноски гласаа членовите Љубомир Костовски и Љуљзим Хазири, а против беше членот Цветин Чилиманов. Предлогот се однесува на поведување постапка за прекршување на членот 75, став 1 од Изборниот законик. Во образложението се вели дека „се забележува негативно врамување на одредени личности и континуирано известување со позитивна рамка и со позитивен тон за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за носителите на власта“.

На 16 септември се констатира дека во рамки на „Отворено студио“ од 20 часот, водителката се вмешувала со навивачки начин во дијалогот меѓу министерот за финансии и неговиот заменик. Таа настапувала со поостар тон со претставникот на СДСМ, а во функција на поддржувач на претставникот на ВМРО-ДПМНЕ. Во исто време, на кајронот постојано се емитувани цитати со изјави на министерот, со што се истакнувал неговиот дел од изјавите, што е недвојбено навивачки и може директно да се припише на тој што ја подготвувал емисијата.



Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката