18 Мај, 2024
0.0624

Трајко Вељаноски против пет потпретседатели на Собрание: Демократијата е скапа играчка

Објавено во: Македонија 25 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Трајко Вељаноски, поранешниот спикер, е против продолжување на последновоспоставената пракса за избор на пет потпретседатели на македонското Собрание затоа што, како што вели, не постои економска оправданост за тоа.

„Во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието, сакам да ја информирам јавноста како било за време на претходната власт а како е сега.

Во време на претходната власт:
2006-2008 година - 3 потпретседатели
2008-2011 година - 3 потпретседатели
2011-2014 година - 3 потпретседатели
2014-2016 година - 3 потпретседатели

За време на сегашнава власт:
2016-2020 година - 5 потпретседатели
2020-2024 година - 5 потпретседатели

Примери во други држави:
- САД - 435 пратеници - 1 потпретседател
- Велика Британија - 650 пратеници - 3 потпретседатели
- Словенија - 90 пратеници - 3 потпретседатели
- Италија - 630 пратеници - 4 потпретседатели
- Германија - 709 пратеници - 5 потпретседатели

Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија !!!!!!!!!

Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието“, објави Вељаноски.

Денеска за во 11 часот е закажана собраниска седница на која на дневен ред е утврдувањето на бројот на потпретседатели - предлогот ќе стаса од претседателот Талат Џафери, кој според информациите ќе предложи да има пет потпретседатели. 


Можеби ќе ве интересира

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање