Трамп го одобри распоредувањето на трупите во Саудиска Арабија и ОАЕ

Објавено во: Свет 21 Септември, 2019 07:47
Американскиот претседател Доналд Трамп го одобри распоредувањето на американските сили во Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати по нападот врз саудиските нафтени објекти.
Според Ројтерс, целта на распоредувањето на американските трупи е одбранбена природа, и тие првенствено ќе се фокусираат на воздушната одбрана и ракетата одбрана, соопшти Пентагон, а пренесе Танјуг.
Секретарот за одбрана Марк Еспер го нарече овој потег „природна одбрана“.
Постојат планови да се зголеми бројот на војниците, како и да се испратат борбени авиони и дополнително оружје до Саудиска Арабија.
Исто така, авиопревозникот Абрахам Линколн ќе остане во регионот некое време.
Началникот на Генералштабот Ф. Данфорд не прецизираше колку војници ќе бидат испратени во Саудиска Арабија, но рече дека тоа се стотици, а не илјадници.
Претходно, претседателот Трамп најави највисоко ниво на санкции против Иран што Саудијците и Соединетите држави ги обвинуваат за напад на саудиските нафтени објекти на 14 септември.
Покрај новата нестабилност во регионот, оваа криза доведе до нагло зголемување на цената на нафтата на светскиот пазар.
Можеби ќе ве интересира
ПУТИН ГО ПОСЕТИ КУРСК: Заробените украински војници ќе бидат третирани како терористи

TРАМП ГО СМЕНИ СТАВОТ: Никој нема да ги протера Палестинците од Газа

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

УКРАИНА ДЕМАНТИРА: Не е точно дека Суџа е во руски раце, се водат борби

ЛАВРОВ ГО КРИТИКУВАШЕ МАКРОН: Зошто Фон дер Лајен ја нарече „фирер“?

ОРУЖЈЕТО СТИГА ПРЕКУ ПОЛСКА: САД продолжија со испораката за Украина

СЕ ЈАВИ ЗЕЛЕНСКИ: Дали ќе ги признаат окупираните територии како руски?

(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Русите ја вратија контролата врз важен град

Вработените во УСАИД добија нови инструкции - наредено им е да уништат и изгорат доверливи документи
