Трамп истрагата на специјалниот обвинител ја смета за напад врз САД
Објавено во: Свет 10 Април, 2018
Американскиот претседател Доналд Трамп посочи дека истрага на специјалниот јавен обвинител Роберт Мулер е напад врз САД, откако ФБИ изврши претрес во канцелариите на неговиот приватен адвокат Мајкл Коен.
Рацијата на ФБИ е направена по налог на Мулер, а е поврзана со сомнежи дека адвокатот Коен извршил банкарска измама. Ова дело е издвоено од истрагата поврзано со руското државно мешање во претседателските избори на САД во 2016, а се претпоставува дека се поврзани со нелегални активности сторени во име на претседателот Доналд Трамп.
Одбраната на Коен тврди дека рацијата била сосема непотребна бидејќи тој досега соработувал со истрагата и дека ова е обид за негово заплашување.
Претседателот Трамп пак, смета дека тимот на специјалниот јавен обвинител Мулер врши лов на вештерки и дека е голема закана за САД.
Адвокатот Коен претходно се откри дека платил 130 илјади долари на порно ѕвездата Сторми Дениелс која требало да молчи дека имала секс афера со Доналд Трамп. Исплатата во меѓусебен договор била завршена во текот на претседателската кампања на Трамп, но тој лично не ја потпишал, па така сите информации излегоа во јавноста.