Трамп ја чека Меркел во Белата куќа - Жешка тема НАТО и бегалците
Објавено во: Свет 04 Март, 2017
Во средината на овој месец Доналд Трамп како американски претседател за прв пат ќе се сретне очи во очи со германската канцеларка Ангела Меркел, а ќе ја пречека во Белата куќа.
На средбата се очекува да биде дадена гаранција дека САД ќе остане посветен на НАТО, додека пак Меркел ќе се обиде да наметне дел од европската агенда по прашања за економија и надворешна соработка.
Исто така се очекуваат разговори за решавање на кризата во Сирија, справување со бегалците и мигрантите, како и за одбраната.