Трамп ја вжешти атмосферата на првата ТВ дебата со Клинтон
Објавено во: Свет 22 Септември, 2016
Прва телевизиска дебата меѓу кандидатите за претседател на САД Хилари Клинтон и Доналд Трамп го стави под напон водителот - новинарот Лестер Холт.
Тоа се случи откако Доналд Трамп го обвини дека е демократ, зависник и е дел од еден многу неправеден систем. Всушност новинарот е републиканец, стана јасно од избирачките списоци на државата Њујорк. Тој го води ноќниот пренос „Nightly News“ на Еј Би Си, што се следи во просек од 8 милиони луѓе.
Сепак Трамп пројави попустливост, велејќи му на водителот дека верува оти тој ќе биде фер.
35-годишниот Холт ги предупреди двајцата кандидати дека ќе влијаат на три основни теми - управувањето на Америка, постигнување на просперитет и безбедност.