30 Ноември, 2020
0.0258

Трамп: Нашите доктори земаат пари ако некој умре од Ковид

Објавено во: Свет 31 Октомври, 2020

На предизборен митинг во Мичиген, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека докторите намерно ги зголемувале бројките на починати, само да земат повеќе пари. Ова е изјава после денот во кој Светот броеше повеќе од пола милион случаи на Ковид-19, што е најголем број од почетокот на пандемијата.

„Нашите доктори земаат повеќе пари ако некој умре од ковид. Го знаете тоа, нели?“, рече Трамп.

„Знам дека нашите доктори се многу паметни луѓе. Па така, тие велат ‘Жал ми е, но сите умираат од ковид’“, истакна Трамп пред своите приврзаници, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Тој напомена дека во Германија и во некои други земји доколку има двоумење, не се пишува дека пациентот починал од Ковид, за разлика од САД.

„Во Германија и на други места, ако имате срцев удар или ако имате рак, ако фатите ковид, тие ќе речат дека сте умреле од рак или од срцев удар. Кај нас, ако се двоумат, избираат ковид. Вистина е, ужасно е, ама е вистина. Отприлика добиваат 2.000 долари повеќе.“, додаде американскиот претседател.


Можеби ќе ве интересира

Шокантни несакани ефекти или само лесна главоболка: Британската докторка Ели Кенон открива какви контраиндикации дава оксфордската вакцина

Шокантни несакани ефекти или само лесна главоболка: Британската докторка Ели Кенон открива какви контраиндикации дава оксфордската вакцина

Мора и гипс: Бајден има скршеници и ќе носи чизма за одење

Мора и гипс: Бајден има скршеници и ќе носи чизма за одење

Аргентинското обвинителство отвори истрага за смртта на Марадона

Аргентинското обвинителство отвори истрага за смртта на Марадона

Првите дози на Фајзер пристигнаа од Белгија во САД

Првите дози на Фајзер пристигнаа од Белгија во САД

Познат имотот кој ќе се дели по смртта на Марадона

Познат имотот кој ќе се дели по смртта на Марадона

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Ако короната се прошири во Северна Кореја тоа ќе биде фатално

РАДИКАЛНИ МЕРКИ: Ако короната се прошири во Северна Кореја тоа ќе биде фатално

ИМА ЗАРАЗЕНИ ДЕЦА: Норовирус се шири во Кина

ИМА ЗАРАЗЕНИ ДЕЦА: Норовирус се шири во Кина

МАЛКУ ЌЕ ВЕ БОЛИ РАКАТА, А МОЖЕН Е И ЗАМОР И ГЛАВОБОЛКА - еве кои се малите несакани ефекти од вакцините против ковид

МАЛКУ ЌЕ ВЕ БОЛИ РАКАТА, А МОЖЕН Е И ЗАМОР И ГЛАВОБОЛКА - еве кои се малите несакани ефекти од вакцините против ковид

Марадона погребан само пред 200 луѓе, а еве само кои можеа да присуствуваат на приватната церемонија

Марадона погребан само пред 200 луѓе, а еве само кои можеа да присуствуваат на приватната церемонија