26 Април, 2024
0.0278

ТРАМП ПОВТОРНО СО „УДАР“ КОН ТУРЦИЈА НА ТВИТЕР: Лирата во пад

Објавено во: Економија 17 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Турската лира почна да паѓа до 5,86 во однос на доларот во петокот наутро спрема нивото од 5,8150 при затворање на пазарите во четвртокот, бидејќи инвеститорите проценуваат дека Турција може да очекува уште економски санкции ако не го предаде притворениот американски свештеник Ендрју Брансон, соопштува Ројтерс .

Лирата загуби 35% од вредноста во однос на доларот оваа година, бидејќи влошувањето на односите меѓу сојузниците во НАТО донесе загуби поради загриженоста за влијанието на претседателот Реџеп Таип Ердоган на монетарната политика.

Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин го уверил вчера претседателот Доналд Трамп кој изјави дека е подготвен да воведе уште санкции ако Брансон кој е суден во Турција под обвинение за тероризам, не биде ослободен.

Трамп подоцна напиша на Твитер дека САД "нема да плаќаат ништо" за ослободување на Брансон. Тој го нарече свештеникот "голем патриотен заложник". Турските власти велат дека случајот ќе се реши во судот.

Коментарите во САД доаѓаат откако министерот за финансии на Турција Берат Албајрак, зет на Ердоган, ги увери инвеститорите во четвртокот велејќи дека неговата земја ќе излезе посилна од валутната криза, инсистирајќи на тоа дека банките се во добра состојба.

Турската лира почна да закрепнува по падот на рекордно ниско ниво од 7,24 на почетокот на неделата. Опоравувањето беше поддржано од мерките на централната банка и ветувањето на Катар да инвестира 15 милијарди долари во Турција.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија