Трамп ветува: Ќе се разбираме со сите нации!
Објавено во: Свет 09 Ноември, 2016
Нашата земја има голем потенцијал. Секој еден Американец ќе има шанса да го реализира неговиот потенцијал. Ова го изјави во својот прв говор како претседател Доналд Трамп.
„Имаме голем економски план, ќе го дуплираме растот и ќе се разбираме со сите нации кои сакаат да се разбираат со нас. Очекувам да имаме добри односи со сите"- коментира уште Трамп.
Новиот претседател на САД вети дека ќе биде претседател на сите Американци, дури и на оние кои не го поддржале.
Трамп вети уште дека ќе изгради нова инфраструктура во земјата. Тој гарантира и дека ќе се погрижи за ветераните кои направиле многу за државата.
„Сретнав толку многу од нив во последните 18 месеци и средбите беа огромна чест" - објасни тој.
Новиот претседател на САД се сврте кон светот и изјави дека прво ќе работи во интерес на Америка, но и ќе се „грижи" за сите.
„Ќе бараме соработка, а не конфликт" - вети тој.
Трамп се заблагодари и на противникот Хилари Клинтон. Тој истакна дека таа му се јавила веќе и му честитала.