Трамп за Газа: Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена
Објавено во: Свет 14 Октомври, 2025 20:40
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека работата во Газа не е завршена, затоа што телата на починатите заложници не се вратени како што беше ветено, објави вечерва „Тајмс оф Израел“.
„Втората фаза од мировниот договор за Газа започнува веднаш“, рече Трамп.Сите 20 преживеани заложници се вратија дома.
„Тежок товар е отстранет, но работата не е завршена. Телата не се вратени, како што беше ветено“, напиша Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“.
Договорот потпишан од Израел и Хамас минатата недела бара од палестинската терористичка група да ги ослободи сите 48 заложници во рок од 72 часа од стапувањето во сила на прекинот на огнот.
Рокот истече во понеделник напладне и Хамас ослободи 20 живи заложници, но ги врати само телата на само четворица од 28-те загинати во Газа, додека вечерва најави предавање на уште четворица.
Рокот во договорот важи и за телата, пишува „Тајмс оф Израел“, но се чини дека на Хамас му треба повеќе време за да ги лоцира, па затоа е формирана заедничка работна група која ќе помогне во пронаоѓањето на телата што не се вратени во рок од 72 часа.
На 7 октомври во 2023 година Хамас го нападна Израел и тоа беше почеток на војната.foto printskrin
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување
„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?




