16 Јануари, 2025
0.0282

Транспорт и врски ја поздрави акцијата на МВР за апсење на „директорите“ – измамници

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Министерството за транспорт и врски ја поздравува акцијата на Министерството за внатрешни работи за откривање и санкционирање на лицата кои се служеле со измама и заработувале продавајќи лажни дозволи за превоз. „Ги повикуваме сите превозници во Република Македонија кои вршат превоз на патници и стока во патниот сообраќај да не подлегнуваат на шпекулации и измами дека некој друг, освен Министерството за транспорт и врски може да им издаде соодветна дозвола“, велат од ресорното Министерство. Притоа, се потенцира дека за сите видови превоз, во Министерството за транспорт и врски функционира електронски систем за аплицирање и распределба. „Овој начин на работење ги потврди нашите заложби за целосна елиминација на можностите за корупција во секторот за транспорт, а истовремено овозможуви зајакнување на транспарентноста во давањето на јавните услуги за граѓаните. Имплементацијата на овој современ електронски систем кој во огромна мера е надограден и усовршен, овозможува превозниците да се ослободат од административните процедури за прибирање на потребната документација за аплицирање како и да се избегнат проблемите при доставувањето на некомплетна документација, а го елиминира човековиот фактор во распределбата на дозволите“, информира Министерството за транспорт и врски Дополнително на ова, во 2009 година па наваму Министерството за транспорт и врски ја направи најголемата реформа во патниот сообраќај воопшто со воведувањето на лиценците за вршење на превоз на патници и стока. Лиценцирањето на превозниците допринесе за ставање ред во вршењето на превозот и за конечно селектирање кои превозници се легални, а кои се диви превозници. Во координација со Министерството за внатрешни работи континуирано се спроведуваат активности за идентификување на лицата кои вршат нелегален превоз и нивно сакнционирање согласно законските прописи, со цел ставање на ред во превозот и овозможување стандардизиран и побезбеден транспорт. ИЗМАМА: Се претставувале како директори во Министерството за транспорт и врски и мамеле превозници!

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата