Треба да сме горди! Колку наши деца - програмери продадоа софтвер за 170 милиони евра во светот и дома?

Објавено во: Економија 31 Мај, 2023
Македонските умни глави се на браникот на татковината! Сепак не е кај нас се толку црно и тешко. Има Македонија со што да конкурира на светот, има иднина за нас.
Нашата земја има мала „армија“ програмери! Во Македонија лани 3.500 наши деца, вработени во повеќе од 20 софтверски лани, „искуцале кодови“ и продале софтвер за 170 милиони евра, покажуваат официјалните бројки за најголемите македонски софтверски компании. А состојбата е уште подобра затоа што има значаен број програмери кои „фаќаат работа од дома“ и работат на светски проекти за софтвери како физички лица
Македонската „софтверашка“ индустрија има над 20 компании кои лани успеале да продадат памет за вредност од 3 до 30 милиони евра. Резултат за почит.
Па кога ќе се видат бројките излегува дека Македонија има бројна индустрија софтверџии затоа што само во најголемите 23 компании за софтвер работат цирка 3.500 вработени!
Тие дечки и девојки лани генерирале приход од речиси 170 милиони евра и тоа е во најголем дел продажба во извоз. Еве како македонската софтверска индустрија го крепи и држи девизниот курс на денарот.
Можеби ќе ве интересира
Албанските работници земаат ниски плати, но работат по 43,7 часа неделно

Претседателот на Клубот на извозници учествуваше на Самитот за глобална трговија во Дубаи

АКО ХРВАТИТЕ НИ ГИ ВРАТАТ ПИПЕРКИТЕ СО ПЕСТИЦИД - нашата Агенција за храна ќе ги уништува на безбеден начин

ПОТРОШУВАЧИТЕ ДА ПРИЈАВАТ ДО ПАЗАРНА ИНСПЕКЦИЈА АКО ОТКРИЈАТ НЕНАМАЛЕНИ ЦЕНИ - Бектеши задоволен како тече мерката
ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

„ЧЕБРЕН“ НЕМА ДА ДОНЕСЕ СВЕЖИ ПАРИ ЗА ДРЖАВАТА: Македонија да има предност за користење на електричната енергија

КАМАТИТЕ ИМ СЕ ПРЕВИСОКИ, СТАНОВИ ЌЕ НЕМА - германска компанија го запира производството на 60 илјади станбени единици

ЈАПОНСКИОТ ГИГАНТ ТОШИБА ЈА НАПУШТА БЕРЗАТА ПО 74 ГОДИНИ: Завршено преземањето накомпанијата

ГЕРМАНСКИОТ ЛИДЛ СТАРТУВА СО ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - исфрла дел од производите од својата понуда
