ТРГНА КОН ДНОТО: Повторно падна цената на биткоинот

Објавено во: Економија 23 Јуни, 2018
Цената на биткоинот падна за повеќе од 5% во петокот, откако јапонскиот финансиски регулатор нареди на неколку берзи за криптовалути да ги подобрат практиките во однос на перењето пари, објави „CNBC“.
Дигаталната валута се тргуваше по цена од 6.255 долари, откако падна под прагот од 6.400 долари за прв пат од околу една недела, според податоците на „CoinDesk“.
По наредбата на Агенцијата за финансиски услуги во Јапонија, „bitFlyer“, најголемата криптоберза во земјата, го замрзна создавањето на нови сметки, до подобрување на сопствениот бизнис, особено во однос на мерките за запирање на перењето пари и финансирањето на тероризмот.
„Нашето раководство и сите вработени се обединети во вашето разбирање колку сериозни се овие проблеми и колку сериозни сме ние во нашиот одговор“- објави „bitFlyer“ во соопштението на својата интернет страна.
Агенцијата ја даде истата наредба на пет други берзи, откако најде слабости во борбата против перењето пари.
Можеби ќе ве интересира
Конечно надвладеа паметниот телевизор во Македонија

Kој во Македонија зема бруто плата од 168 475 денари?

Заев и Тевдовски го примија на средба лидерот на „Антикоцкање“

Просечна плата: Лани поголема од преклани, ама дали е доволна?

Пониски сметки за парно пред почетокот на летото поради топлото време

Бектеши нема да го следи примерот на Костадинов и Мисовски

Српски производи од Косово со повластен третман во Србија

Една од најскапите згради не е вселена, но барем нема повеќе да прави нови трошоци
