Тргна првиот воз од Кина до Лондон, ќе патува 18 дена
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Кина го пушти првиот товарен воз од источната провинција Жеџијанг до Лондон.
Возот на линијата која ќе тргне од кинескиот град Јиву ќе поминува над 12.000 километри за 18 дена, за да стигне до својата дестинација. На ова патување ќе поминува низ повеќе земји и тоа Казахстан, Русија, Белорусија, Полска, Германија, Белгија и Франција, а крајна дестинација е Лондон.
Иницијативата Лондон да стане „влезна порта“ на Запад за кинеските инвестиции беше покрената од поранешниот британски премиер, Дејвид Камерон односно има за цел да се зајакнат трговските врски меѓу Велика Британија и Кина со стоки како облека и чанти.