27 Април, 2024
0.0272

Тргнат банерот со „северномакедонска“ кујна на саемот во Берлин

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, стави нов банер на македонскиот штанд на саемот за храна и земјоделство „Зелена недела“ кој се одржува во Берлин. Оттаму информираат дека била направена „техничка грешка“ и дека сега е поправена. Имено од завчера на социјалните медиуми имаше бурни реакции што на рекламниот банер на Саемот беше напишано North Macedonian cuisine наместо Macedonian cuisine. На Саемот Македонија ја претставува фирмата Кадино, а таму на лице место се прават буреци, јадење кое се смета за традиционално во нашата земја.

 

„Веднаш по реакцијата од страна на МЗШВ до организаторот на саемот, е направен нов рекламен банер којшто е веќе поставен на македонскиот штанд на саемот. Имено, првичниот банер беше предлог на компанијата Кадино, којашто дизајнот го има препратено до организаторот на саемот. При тоа, направена е техничка грешка при преводот, за која што МЗШВ веднаш реагираше до организаторот, и во најбрз рок се подготви нов рекламен банер, стои во објавата од Министерството за земјоделство

Оттаму велат и дека МЗШВ веќе работи на покренување на постапка за утврдување на одговорноста кај лицата од министерството вклучени и задолжени во организацијата на саемот. 

Информираат и дека денеска македонскиот штанд го посетил светски познатиот критичар за храна, Дирк Хофман, кој го оценил македонскиот бурек како еден од највкусните и најуникатните традиционални производи. 


Штандот на МЗШВ бил еден од најпосетените на саемот, а дневно биле поделени над 300 пити, бурек и останати пецива. 

Можеби ќе ве интересира

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба