15 Декември, 2019
0.0154

Tрговците не ја злоупотребија можноста: Нема ценовен шок по либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати

Објавено во: Економија 15 Мај, 2019

Цените што нафтените компании ги дефинираа на пазарот, односно на нивните бензински пумпи се исти или слични какви што би биле и по методологијата што до скоро се применуваше. Што значи дека тие направија еден коректен пристап кон пазарот и не ги зголемија цените, иако пазарот во овој период е либерален, се до донесувањето на методологијата. Ова е оценката на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Засега времената либерализација на пазарот на нафта и нафтени деривати поради правниот вакуум предизвикан со не потпишувањето на измените на Законот за енергетика од поранешниот претседател Ѓорге Иванов не предизвика ценовен шок за купувачите.

Навреме не можеше да биде донесена новата методологија по која Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да ги определува цените па трговците не ја злоупотребија можноста што им се пружи и ги намалија малопродажните цени на бензините за еден денар по литар, а ја покачија цената на дизелот за половина денар и на екстра лесното масло за домаќинствата за два денара по литар.

Имено, од вчера бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по цена од 71 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 чини 73,  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 64, био-дизелот 65, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54 денари за литар.

Трговците со нафта и нафтени деривати постапија коректно што не ги зголемија малопродажните цени на бензинските пумпи, порача вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Според него, добро е што трговците ги правеле пресметките по старата методологија, иако во моментов има либерализиран пазар. Тој сепак најави дека државата будно ќе ги следи состојбите и ќе спречи било каква можност за поголемо зголемување на цените на горивата.


Можеби ќе ве интересира

Министерство за финансии: Од денес започнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Министерство за финансии: Од денес започнува наградната игра „Мој ДДВ #MojaНаграда“

Лукаревска: До крајот на месецот граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе добијат поврат на ДДВ

Лукаревска: До крајот на месецот граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе добијат поврат на ДДВ

ПЛАТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Лекарите заработуваат скоро пет пати повеќе од фризерите

ПЛАТИ ВО ГЕРМАНИЈА: Лекарите заработуваат скоро пет пати повеќе од фризерите

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

MИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ: Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 90-ТЕ: Политички настан доведе до скок на фунтата

ВАКВО НЕШТО НЕМАЛО ОД 90-ТЕ: Политички настан доведе до скок на фунтата

ГЕРМАНИЈА БАРА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Еве колку се спремни да платат

ГЕРМАНИЈА БАРА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ: Еве колку се спремни да платат

ПРОГНОЗИ ОД ЕКСПЕРТИ: Еве што ги чека Германците во 2020 и 2021 година

ПРОГНОЗИ ОД ЕКСПЕРТИ: Еве што ги чека Германците во 2020 и 2021 година

ХРВАТИТЕ ВЕ ЧЕКААТ НА ЛЕТО: Ќе им требаат 35.000 сезонци

ХРВАТИТЕ ВЕ ЧЕКААТ НА ЛЕТО: Ќе им требаат 35.000 сезонци

Елези: Се обезбедуваат средства за реновирање на студентски домови

Елези: Се обезбедуваат средства за реновирање на студентски домови