27 Април, 2024
0.0287

Три години немал покачување, а Германците веднаш му дале 2500 евра

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Јосип Хорват од Ивановац три години во својата земја не можел да добие покачување од 400 куни, односно коефициент кој му следува за работното место, кое било специфично, а во Германија веднаш добил 2500 евра плата. 

Но, објаснува дека на Германците им било потребно помалку од еден час време за да сфатат колку вреди неговото искуство, сертификати и знаење, пишуваат хрватските медиуми. 

Се пријавил за работно место заварувач во Германија, по што му понудиле 12 евра по работен час, но откако кажал дека знае германски јазик, сумата скокнала на 18 евра. 

Но, тука не завршило, откако раскажал колкаво работно искуство има, крајната сума била 20 евра. 

По три месеци за работен час почнале да му исплаќаат по 24 евра, а му понудиле и од 200 до 400 евра помош за плаќање на стан. 

Хорват вели дека работата е физички тешка, но се работи со нормално темпо, без брзање и притисок. 

Тој работи во голема фирма, која извезува во Америка и има 300 вработени. 

„Овде се смета за штета ако фирмата не искористи нечие знаење и вештина“ - вели тој. 

За секој бравар, монтер или заварувач кој ќе го однесе од Хрватска во Германија, газдата му нуди од 200 до 300 евра. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра