04 Мај, 2024
0.1515

Три лица починаа од листерија, изворот на бактеријата уште не се знае

Објавено во: Економија 22 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Седум лица за еден месец се инфицирале со бактеријата листерија во Македонија, јадејќи заразена храна. Три од нив починаа, меѓу кои две лица на возраст од 72 и 59 години и едно новороденче, соопшти Министерството за здравство. Листериозата е бактериско заболување, кое најчесто настанува по внесување на храна контаминирана со бактеријата листерија, како што е месо, преработки од месо, непастеризирано млеко и млечни производи, недоволно измиено овошје и зеленчук, димена риба и друго. Но, надлежните во Македонија засега не знаат што точно е извор на заразата. Препораките се општи - поголемо внимание при подготовка и консумација на храна, темелно миење на рацете пред поготовка и консумација на храна и почесто миење на рацете при подготовка, храната да се користи веднаш по подоготовка, а доколку не се употреби веднаш да се чува на температура од 2 до 8 степени и при повторна употреба да се загрее на температура над 70 степени, да не се консумира сирова или недоволно термички обработена храна, посебно месо и преработки од месо, непастеризирано млеко, млечни производи и јајца, сировата и подготвената храна во фрижидер да се чуваат одделно во посебни садови. Се препорачува и темелно чистење и миење на садовите, кујнскиот прибор, работните површини и рацете, пред и после ракувањето со храна - сирова или термички обработена. Свежиот зеленчук, овошјето и салатите треба темелно да се измијат под силен млаз вода - пред јадење, сецкање или готвење, па дури и кога се излупени. Да се избегнува храна од тезги на улица, брза храна, како и др. храна и вода од несигурни извори. Со цел да се најде изворот на заразата, центрите за јавно здравје направија теренски проширени епидемиолошки истражувања кај сите случаи со листериоза особено во однос на видовите храна консумирани во претходниот месец пред појава на симптомите. Комисијата за заразни болести ја задолжи Агенцијата за храна да изврши вонредни контроли во сите поголеми производствени погони за храна, магацини за чување и дистрибуција на храна. Агенцијата е должна да направи контрола на сите зелени пазари. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе направи контрола на безбедноста на млекото наменето за доенчиња на одделенијата за неонатологија и педијатриски одделенија. Кај здрави лица со подобар имунитет, заболувањето со бактеријата листерија поминува со полесна клиничка слика, со стомачни проблеми, дијареа или симптоми слични на грип. Но, кај постари лица со намален имунитет, бремени жени и новородени деца може да предизвика сериозни компликации, како сепса, воспаление на мозочни обвивки (менинго енцефалит), воспаление на срцева обвивка (перикардит), воспаление на зглобови и сл.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?