Добивај вести на Viber
Владата нема да добие само нова фасада, туку и ново внатрешно уредување. Службата за општи и заеднички работи распиша тендер со кој бара фирма што ќе го уредува ентериерот на владината зграда број 6, каде што се сместени главните простории.
Според огласот објавен преку Бирото за јавни набавки, проценетата вредност на овој зафат ќе изнесува 182 милиони денари без ДДВ или околу три милиони евра.
Предвидено е обновата на ентериерот да заврши најмногу за четири месеци. Заинтересираните компании треба да ги достават своите понуди до 30 септември.