Три скопски и една струмичка туристичка агенција прогласени за најуспешни
Објавено во: Економија 30 Септември, 2018
Три скопски и една струмичка туристичка агенција се прогласени за најдобри.
Фибула ер травел – Скопје, Еуросава – Скопје, Атлантис – Струмица и Фалкон травел –Скопје се избрани за најуспешни туристички агенции.
Вака одлучи Министерството за економија.
Се работи за традиционалната манифестација што Министерството ја организира
секоја година.
Министерството додели над 50 признанија за најуспешните поединци, здруженија и
деловни субјекти од туристичкиот сектор, во повеќе различни категории како: хотел,
со поткатегориите: спа, градски, езерски, планински и нова инвестиција; ресторан;
сместувачки капацитет од физичко лице; туристичка агенција генерално и агенција
за дојдовен туризам; туроператори; манифестација; туристички водич, како и
најдобар проект од областа на туризмот.