26 Април, 2024
0.0284

ТРКАЛЕЗНА МАСА НА ТЕМА: „РАНИ ЗНАЦИ НА ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НАСТАНУВАЊЕ НА ИНСОЛВЕНТНОСТ НА ФИРМИТЕ”

Објавено во: Економија 26 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Северна Македонија и ИФЦ се организатори на тркалезната маса која ќе се одржи на 3 јуни 2022 година во Комората. Како организатори ги покануваме сите заинтересирани компании да присуствуваат на настанот на кој ќе се дискутираат неколку теми поврзани со предлог законот за инсолвентотнот, раните знаци за предупредување за настанување на инсолвентност и можностите за поефикасно преструктуирање, предоговарање и задржување на добрите деловни односи со партнерите со помош на медијацијата.

На тркалезнатамаса на тема: „Посткризно КОВИД 19 заздравување на економијата – предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за помош на фирмите, со вклучување на медијацијата и на новите процедури предвидени со новиот Закон за инсолвентност“ се предвидени две теми на кои ќе зборувам. 

  Првата тема се однесува на „Новите постапки предвидени со предлог Законот за инсолвентност во насока на нови можности за фирмите за изнаоѓање на излез и решавање на проблемите произлезени од економската криза предизвикана од здравствени, воени и други фактори“. Во фокусот на моето излагање ќе бидат можностите за разрешувањето на финансиските потешкотии  со кои се соочуваат  друштвата  преку постоечката законска регулатива  и  новините кои се предвидени  во предлог  законот за инсолвентност.

Во контекст на  предлог законот за  инсолвентност ќе бидат преставени  двете постапки кои имаат за цел да им помогнат на претприемачите  навремено  да пристапат кон  разрешување на идните финансиски потешкотии кои долгорочно  можат да  предизвикаат инсолвентност. Тоа се постапката за превентивно преструктуирање и  предстечајна реорганизација.

Втората тема  се однесува на „Раните знаци на предупредување за настанување на инсолвентност на друштвата“  се однесува на  новините вградени во предлог законот за инсолвентност. Целта на воведување на  системот за рано предупредување е овозможување на должниците  на кои им  престојат финансиски потешкотии  истите рано да  ги препознаат  и навремено да преземат мерки за спроведување на постапка заради надминување на идната  инсолвентност. Така со предлог законот се  нормира систем за рано предупредување кој се состои од два дела. Првиот дел од системот на рано предупредување е поврзан со зајакнувањето на капацитетите на  органите на управување во делот на навременото или многу рано препознавање на финансиските потешкотии што би требало да доведе  до тоа трговското друштво да се спаси. Тоа пошироко гледано би влијаело значителен процент на бизниси и работни места да се спасат. Вториот дел од системот на рано предупредување  треба да биде насочен кон  навремено предупредување  на доверителите за тоа дека кај определени друштва постојат услови за настанување на финансиски потешкотии. Се работи за посебни алатки за рано предупредување кои треба да се воспостават за да се предупредат доверителите за итната потреба да делуваат имајќи предвид дека што порано преземат акција  имаат повеќе шанси да ја максимизираат наплата на нивните побарувања од друштвата за кои постојат индиции дека се соочуваат со идна инсолвентност. Овој систем треба да резултира со спасување на доходовниот дел на претпријатието и продолжување со деловната активност или ако тоа не е можно  спроведување на уредна стечајна постапка.

Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.

На тркалезната маса ќе се говори и за можноста за вклучување на медијацијата која им се нуди на располагање на фирмите како алатка во борбата на посткризно заздравување на економијата преку брзо и ефикасно решавање на одреден спор.

Стопанската комора на Северна Македонија години наназад организира низа настани и активности со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата.

Медијацијата кај нас датира уште од 2006-та година и до сега законски има неколку измени со цел подобрување на регулативата и тоа во 2013, 2015, 2016 и последно во 2021 година кога се носи нов Закон за медијација во РСМ (кој е во сила од 04.1.2022 година  („Службен весник на Република С. Македонија“, бр. 294/2021). Тој има за цел приближување на земјата кон Европската Унија, која, пак, во ситуација на разрешување конфликтни и спорни ситуации, акцентот го става врз алтернативното решавање на споровите и врз медијацијата како еден од нив. Во Законот се разработени начелата на медијацијата, целосно усогласени со директивата на Европската Унија 2008/52/ЕС за медијација во граѓанските и во стопанските спорови, како што е начелото за доброволност на медијацијата, но и начелата за рамноправност и неформалност, непристрасност, доверливост, за достапноста на информациите од медијацијата во другите постапки, еднаквост на страните, правичност, ефикасност и за економичност. Со решенијата што ги нуди овој закон, сите засегнати страни, ќе настојуваат да помогнат во зајакнување на медијацијата во нашата држава за да истата го добие заслуженото место, а од друга страна, посебно, да се зајакне правната сигурност на корисниците на медијацијата, со што ќе се овозможи на многу побрз и сигурен начин да се остварат нивните права и интереси.

Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално во овие активности е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка.

д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, Потпретседател на Стопанска комора на Северна Македонија, проектен менаџер за развој на советите, лиценциран медијатор и лиценциран обучувач на медијатори, лиценциран арбитер и помирувач.

Настанот на тема: „Посткризно КОВИД 19 заздравување на економијата – предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за помош на фирмите, со вклучување на медијацијата и на новите процедури предвидени со новиот Закон за инсолвентност“, ќе се одржи на 03 јуни 2022 година (петок) во Стопанската комора на Северна Македонија со почеток во 10.00 часот.

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9