26 Април, 2024
0.0309

Тројца албански државјани илегално влегле во земјава и го прекршиле полицискиот час

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Гостивар, постапувајќи по претходно поднесена кривична пријава, поведе постапка против три лица, државјани на Албанија, заради сторено кривично дело - Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите, на 24 мај, на подрачјето на општина Маврово и Ростуше, ги прекршиле правилата за ограничување на движењето за време на полицискиот час, при што биле затекнати од овластени полициски службеници. При проверка на нивниот идентитет,  било утврдено дека обвинетите, на возраст од 31, 32 и 34 години, илегално влегле на територијата на земјава.

„Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за лицата да определи мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на обвинетите им определи притвор во траење од осум дена“, велат од Обвинителството.

Освен ова, гостиварското обвинителство за истото кривично дело денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 7 полнолетни лица, како и барање за поведување подготвителна постапка против едно малолетно лице.

Сите се товарат дека го сториле кривичното дело, непостапувајќи по Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно биле затекнати како се движат на различни локации за време на полицискиот час.

Со предлозите за издавање казнени налози обвинителството предложи парични казни за обвинетите од по 100 дневни глоби.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“