17 Јануари, 2025
0.0277

ТРОШОЦИТЕ ЗА ЖИВОТ РАСТАТ: Во септември сме плаќале поскапо месо, шеќер, здравство

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Граѓаните во септември плаќале поскапо месо, шеќер, замрзнато овошје, гас за домаќинства и здравствени услуги. 

Ова е заклучокот на последните евидентирани податоци од државниот завод за статистика за месец септември.

Статистиката бележи раст на кај трошоците за живот и тоа за 0,2 отсто, додека цените на мало се намалени за 0,2 отсто во споредба со август.

Според индексот на цените, растот е забележан поради повисоките индекси на свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 2.6%, јајцата за 2.4%, компирот за 1.3%, месото, рибата, морските плодови и замрзнатото овошје за 0.7%, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.5%, сувото овошје, јаткастите производи и алкохолните пијалаци за 0.3% и сушеното, соленото и чаденото месо за 0.2%. 

Исклучок не се ниту гасот за домаќинства за 3.7%, течните горива за домаќинствата за 3.2%, течните горива и мазива за 2.4%, средствата за чистење и одржување на станот за 2.0%, здравствените услуги за 1.5%, ветеринарните и другите услуги за домашните 
миленици за 1.2%, книгите за 0.9%, другите лични предмети за 0.7%, мебелот и малите електрични апарати за домаќинствата за 0.8%, материјалите за одржување и поправки на станот за 0.6%, угостителските услуги за 0.5%, цврстите горива за домаќинствата за 0.3%, услугите за лична хигиена, накитот и часовниците за 0.2%.

Пад пак е забележан кај оризот и полномасното млеко за 1.1%, изнутриците за 0.5%, другите прехранбени производи за 0.4% и свежото и разладеното овошје за 0.3%,  

Пад на трошоците за живот има и кај авионскиот превоз на патници, туристичките пакет-аранжмани, услугите за сместување, болничките услуги, велосипедите, обувките и лековите. 

Индексот на цените на мало бележи пораст од 0.5%

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби