01 Мај, 2024
0.0276

ТРПЕ ДЕАНОСКИ АКЛАМАТИВНО ИЗБРАН ЗА ПРВ ЧОВЕК НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ - прва задача да се зголемат платите на вработените во управата и правосудството

Објавено во: Македонија 10 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Трпе Деаноски со акламација е избран за претседател на Синдикатот на УПОЗ на осмиот конгрес што денеска се одржа во Скопје. Деаноски доаѓа на местото на досегашниот претседател Пеце Грујоски.

„На седницата на Претседателството одржана на 30.11.2021 година врз основа на доставените записници, Претседателството го утврди Трпе Деаноски како можен кандидат за претседател на Синдикатот на УПОЗ и овој предлог му го достави на Конгресот на изјаснување. Со оглед што Трпе Деаноски доби безрезервна поддршка и масовна поддршка од синдикалните организации, делегатите на Осмиот Конгрес го избраа со акламација“, соопшти Синдикатот на УПОЗ.

На конгресот е избран и Надзорен одбор, усвоени се и Програмските активности за период 2021 – 2026 година и Резолуција за платите на вработените во управата и правосудството.

Со резолуцијата се бара вредноста на бодот да биде поврзана со порастот на просечната плата во државата, минималната плата да биде дел од основната плата на вработените во управата и правосудството, а платата на помлад соработник да биде во износ на просечната плата исплатена на ниво на државата, додека сите останати плати да се во сооднос со ова ниво.

„Висината на платите на вработените во управата и правосудството, во услови на растечката инфлација и секојдневното зголемување на цените, воопшто не можат да ги задоволат основните потреби за живот. Напротив, ваквата состојба доведе до тоа стандардот на вработените да е загрижувачки низок, стапката на сиромаштија да е во постојан раст, а категоријата сиромашни граѓани се зголемува меѓу овие вработени, што е недозволено. Поразителен е фактот дека 95 проценти од вработените во управата и правосудството имаат плата која е пониска од просечната плата исплатена во државата, а од нив скоро 60 проценти се на граница на минималната плата или добиваат и помала плата од минималната што е против законски“, се вели во Резолуцијата.

Обраќање пред присутните, како што соопштија од Синдикатот на УПОЗ, имал и досегашниот претседател Пецо Грујовски, кој како едно од најголемите достигнувања во изминатиот период го посочил потпишувањето на Гранскиот колективен договор за вработените во државната администрација, со кој, како што рекол, се утврдиле права кои низ годините наназад биле изгубени.

На конгресот од вкупно 71 делегат, присуствувале 66 делегати. Како гости присуствувале делегации од синдикатите од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Турција. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија