Ципрас планира посета на Турција поради бегалската криза
Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2015 09:40
Грчкиот премиер Алексис Ципрас планира посета на Турција поради бегалската криза, соопшти атинскиот весник „Вима“.
Според весникот премиерот настојувал за поголема активност во справувањето со кризата. Според Ципрас решавање на оваа криза не зависи само од Европа. Турција има голема улога за бегалскиот бран и токму поради тоа сака да ја посети. „Вима“ сепак не го наведува датумот на посетата, на која очигледно допрва треба да се помират со Анкара.
Премиерот подготвува исто така средба со гувернерите и митрополитите на петте грчки острови, кои се најтешко погодени од бегалскиот бран - Лезбос, Хиос, Кос, Самос и Лерос.
Во среда и четврток во посета на Грција ќе биде претседателот на Европарламентот, Мартин Шулц, кој ќе го посети островот Лезбос.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




