27 Април, 2024
0.0378

Турција гради куќи во Албанија по земјотресот, Рама им се „закани“ на сограѓаните

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Во неделата, албанскиот премиер Еди Рама беше во Истанбул, каде се состана со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турските и арапските бизнисмени од кои очекува помош по разорниот земјотрес кој ја погоди соседна Албанија на крајот на минатиот месец.

Турските инженери се веќе во Албанија, каде, како што вети порано Ердоган, ќе градат 500 домови.

Грција, Италија, САД, Франција, Бугарија и Романија ги испратија своите инженери во оштетените области на Албанија.

Имено Еди Рама, го поднесе првиот извештај за прелиминарната штета од земјотрес кој погоди делови од земјата на 26 ноември, втор извештај е најавена за 16 декември, а конечниот ќе биде готов во јануари следната година.

Владата на Албанија објави дека од 6.000 згради што биле проверени, околу 2.450 биле неупотребливи, 460 требало да се урнат, додека 43 веќе биле урнати.

Училиштата започнаа да работат денес во Драч и Тирана, но повеќе од 10,000 деца мораа да бидат префрлени во други училишта, јавуваат албанските медиуми

Европската унија и помага на Албанија да ги процени штетите и потребите за реконструкција, а Европската комисија веќе испрати 15 милиони евра (16,6 милиони американски долари) за почеток.

Албанија побара меѓународна финансиска помош за реконструкција.

Владата на Албанија издвои 13 милијарди леки (117 милиони американски долари) за реконструкција, додека другите седум милијарди се донирани.

Земјотресот од 6,4 степени по Рихтер усмрти 51 лице, а повредени се повеќе од 3.000 луѓе. Повеќе од 11.000 згради беа оштетени, а околу 13.000 луѓе ги загубија своите домови.

На денешниот состанок на Комисијата за реконструкција, Рама рече дека откако ќе биде објавен конечниот извештај за штети, ќе има пат за донации и обнова на уништените домови.

Според него, ваквите извештаи одземаат време.

- Заради транспарентноста, работиме на посебен извештај со детални податоци за владата, донациите и корисниците - рече Рама, додавајќи дека се подготвува и посебен закон за санирање на штетата, со цел создавање, како што рече, ексклузивна рамка за сите аспекти на реконструкцијата.

Поднесувајќи прелиминарен извештај за последиците од земјотресот, Рама им порача на оние кои, како што посочил, намерно ги оштетуваат нивните домови да не го прават тоа, бидејќи државата нема да може да им помогне.

Тој рече дека сите штети се веќе наведени и дека намерната штета нема да биде земена во предвид.

- Им порачувам на сите да не прават такви работи. Програмата е наменета за оние кои ги загубија своите домови и не можат да влезат во нивниот дом. Во овој момент, морам да бидам многу јасен дека тие штети намерно предизвикани нема да поминат - рече Рама, објави порталот Балкан Веб.

Инаку, Рама беше во посета на Драч, крајбрежен град кој заедно со Туман е едно од најтешко погодените места.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната