Турција ја ослободи притворената новинарка на BBC
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2016
Турските власти ја ослободија новинарката Хатиџе Камер која работи како дописник за BBC на сервисот на турски јазик. Таа известувала за инцидентите во Сирт каде се случи голема рударска несреќа во која загинаа повеќе работници, а спасувачките екипи се уште се на терен. Полицијата без конкретна причина ја привела Камер и по еден ден е ослободена без поведено обвинение.