27 Април, 2024
0.0294

Турците ги отворија своите домови за сонародниците од Газиантеп кои се без покрив над главата

Објавено во: Свет 09 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Турците од различни градови нудат сместување за своите сонародници, чии домови се уништени во силниот земјотрес од 7.8 степени кој деновиве ја зафати земјата. Жители на Измир, Караман, Истанбул и други градови на ваков начин сакаат да помогнат.

Живеалиштата во градот Газиантеп станаа прашина по силниот земјотрес кој ги стресе Турција и Сирија.

„Мојата куќа е во Измир, јас останувам кај мајка ми. Можам да купам билети и да бидеме домаќини на семејство со 3 деца. Можеме да ги угостиме во мојата куќа и нашите луѓе го прават тоа. Ако некој се согласи да дојде сега, вратата ни е ширум отворена“, вели Јасин Авш од Турција.

Умут Џан Јел од Газиантеп објаснува дека во неговиот град има повеќе од 504 мртви, додека во Хатај е уште полошо и таму има повеќе од 1.650 жртви. Во Кахраманмараш има над 1.300 загинати во земјотресот. Овој човек вели дека многу Турци ги нудат своите домови за сместување, а луѓето се засолнуваат онаму каде можат да стигнат, кај роднини, пријатели, кај кого било, но проблем  е што сообраќајот не функционира нормално.

„Добиваат помош за сместување, но за жал, тоа не е доволно. Исто така и меѓуградскиот превоз е запрен неколку дена. Има проблем во овој поглед“, вели нашиот соговорник.

Но, тој лично не планира да замине од градот, туку сака да помага. Неговата куќа има пукнатини, но не се урнала од силниот потрес.

„Овде работам во поштенските служби, невозможно е да заминам одовде, сите наши браќа чекаат услуга и помош. Властите не можат сами да се справат. Мислам дека загинатите и ранетите ќе достигнат десетици или стотици илјади.  Заминувањето оттука не е решение, тоа е чин што не се вклопува со совеста. Газиантеп е гастрономски град во Турција, град на вкусови, ние многу го сакаме. Во однос на Сирија, ние сме град кој ги прегрнува и го дели нашиот леб со нив. Ние сме муслимани, го сакаме она што е создадено, нашата врата е отворена за секого поради создателот, се трудиме да допреме до сите што имаат потреба“, раскажува Џан Јел. 

Светот се мобилизираше за помош на Турција и Сирија. Над 70 земји понудија помош за погодените држави. И Балканот се вклучи со собирање на парични средства, но и со испраќање на спасувачи на терен. Во Турција и претходните години имало силни земјотреси, но ова е катастрофа од невидени размери која однесе во смрт илјадници луѓе.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни