18 Мај, 2024
0.0280

Туристите одбраа: Десет топ градови во соседна Бугарија

Објавено во: Балкан 01 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Има луѓе кои секое слободно време го користат за прошетка до некоја од туристичките дестинации во светот. Некои уживаат покрај море или езеро, други пак ја сакаат повеќе природната убавина која ја нуди планината, трети се фасцинираат од уникатните архитектури кои ги нудат градовите со вековни традиции. Такви интересни места за прошетка нуди и соседна Бугарија.

Градови во кои можете да уживате на море, градови во кои можете да скијате или пак напролет да полните батерии со флората и фауната која ја нуди планината, или пак да ги разгледате уникатните дворци и вековните градби на куќи кои ги има најчесто во северниот дел на Бугарија.

Во продолжение погледнете ги десетте најубави градови во Бугарија, можеби следниот пат кога ќе сакате да истражувате ќе отидете токму во некои од овие градови:


Пловдив е најпосакуван за посета на странски туристи. Градот е уникатен  поради своето архитектонско богатство, рестораните и модерната пешачка зона.


Софија е главен град на Бугарија од 1879 година. Два милионски град кој нуди одлични можности за забава. Извонредно атрактивен за туристите  поради ниските цени кои ги нуди во споредба со другите европски метрополи.


Велико Трново е стариот главен град на Бугарија. Овој град е посебно привлечен за Бугарите но и за странските туристи. Велико Трново има автентична архитектура, градби кои го прават привлечен за туристите.


Варна се нарекува и морски главен град. За време на летната сезона во овој град има илјадници туристи, како домашни така и голем број на туристи од целиот свет. Варна има големо економско и културно значење за Република Бугарија.


Бургас – овој град е како магнет за странски туристи. Најверојатно тоа се должи на позитивниот дух кој го носи со себе градот. Но и ново отворената туристичка дестинација во Бургас островот Анастасија придонесува за посетеноста на голем број на туристи.


Несебар – градот се наоѓа на црноморското крајбрежје. И е под заштита на УНЕСКО.


Созопол – овој град е наследник на грчката колонија Аполонија и заедно со Несебар се едни од најстарите бугарски градови. Со своето историско и културно минато, со својата зачувана архитектура од 18 и 19 век и преубавите плажи Созопол привлекува туристи од целиот свет.


Балчик - многу импресивен и романтичен град. Особено познат по својот дворски комплекс, изграден за летната резиденција на романската кралица Марија и создаден од академик Даки Јорданов , познат како ботаничка градина.


Казанлак - градот е светски познат по својата тракиска гробница од 4 до 3 век п.н.е. Единствените фрески се едни од најодржливите фрески од античко време. Казанлак е познат и по својот Роуз фестивал, за време на фестивалот туристите во градот се дупло зголемени.


Русе – овој град го нарекуваат и "Мала Виена" поради својата прекрасна архитектура и внатрешен дизајн на зградите дизајнирани од италијански, австриски, германски и бугарски архитекти.

Фото DW

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа