07 Мај, 2024
0.0251

Туристите за Нова година ќе бараат место повеќе во Крушево

Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Оваа година туристите ќе бараат место повеќе за престој за Нова година и Божиќ во Крушево.

Дел од сместувачките капацитети веќе се резервирани, велат од локалната самоуправа. Објаснуваат дека се најавени домашни, но и гости од регионот. Очекуваат дека за празниците и целиот месец јануари ќе имаат посетители во градот, и ќе настојуваат со почитување на ковид протоколите сите да бидат безбедни затоа што сега сме во време на пандемија.

„Ние сме во постојан контакт со сместувачките капацитети, има резервации, тие почнуваат од месец ноември. Има интерес за посета на Крушево за Нова година. Претежно се тоа домашни туристи, но ќе има и гости од соседите земји. Очекуваме дека цел јануари ќе имаме туристи, посебно ако имаме снег. Важно е да се каже дека се зголемени сместувачките капацитети во градот. Луѓето гледаат иднина во оваа сфера. Ако порано имавме гости три месеци  во годината, и за викенди, сега се трудиме тој период без туристи да се смали и постојано да имаме посетители. Приходите од туризмот се многу важни за општината, затоа што наплаќаме туристичка такса, и тие пари потоа се инвестираат во проекти, со што парите се враќаат назад кај граѓаните“, вели Сотир Габелоски, лице за односи со јавност во Општина Крушево.

Oд Здружението за туризам и угостителство во Крушево додаваат дека со години традиционално за Нова година градот е полн со гости. Велат дека сите објекти кои се категоризирани, од средината на ноември се букирани.

„Ние како здружение посветуваме внимание на промоција на малцинските заедници, конкретно на влашката култура и традиција, за да не се сведе посетата на Крушево само на шетање на градот. Последно учевме да броиме на влашки јазик, учевме основни термини, зборувавме за истакнатите Власи, како Тоше Проески, Никола Мартиноски и други. Ги носиме луѓето во црквата Свети Јован, која се нарекува и влашка црква“, објаснува Лефкија Гажоска, од Здружението за туризам и угостителство од Крушево.

Таа додава дека сите угостители многу внимаваат на ковид протоколите, затоа што гостите треба да бидат задоволни и пак да се вратат во Крушево.

Секоја година илјадници луѓе ја посетуваат и Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево. 

Сања Атанасовска

фото Викенд во Крушево

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава