17 Јануари, 2025
0.0302

„Туркиш Ерлајнс“ – фаворит да стане национален авиопревозник на Македонија?

Објавено во: Македонија 30 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Турската авиокомпанија „Туркиш Ерлајнс“ од страна на македонските власти е преферирана да стане национален авиопревозник во земјата, пишува швајцарска интернет страница за информации од авијацијата, повикувајќи се на EX-YU Aviation News. Ваквиот развој на настаните доаѓа откако во 2012 година македонската Агенција за цивилно воздухопловство на турската компанија и го додели статусот „редовен авиопревозник“, давајќи и ексклузивно право да избира дестинации и да добие попусти на таксите за користење на аеродромите во Скопје и Охрид, се додава во текстот. Притоа се нагласува дека концесионерот на аеродромите, турската компанија ТАВ, лобирала за турскиот авиопревозник да воспостави своја база во Македонија. Информацијата денеска ја пренесуваат и грчките медиуми, цитирајќи изјава од поранешниот директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство Зоран Крстевски, според кого „Туркиш Ерлајнс“ лесно би можеле да ја преземат улогата на национален авиопревозник на земјата. „Туркиш Ерлајнс ќе треба да се пријави за лиценца, да понуди бизнис план. Оваа авиокомпанија веќе работи во Македонија и е светски познат авиопревозник со силно присуство во целиот регион“, рекол Крстевски. Во моментот, база на „Туркиш Ерлајнс“ е единствено аеродромот Ататурк во Истанбул. Компанијата поседува 265 авиони и лета кон 265 дестинации во светот. Македонските власти пред околу една недела најавија дека ја започнаа потрагата за национален авиопревозник.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби