ТУРСКАТА ЛИРА НА МИНИМУМ СПРЕМА ДОЛАРОТ: Голема загриженост за глобалниот економски раст

Објавено во: Економија 26 Мај, 2022
Турската лира деновиве падна во однос на доларот на петмесечен минимум, во услови на општа распродажба на акции и валути на пазарите во развој поради лошите извештаи за заработката од компаниите, кои ја продлабочија загриженоста за глобалниот економски раст.
Цените на акциите на пазарите во развој потонаа за 1,2 отсто, по развојот на глобалните пазари каде странските инвеститори започнаа големи распродажби поради страв дека новите мерки против Пекинг дополнително ќе го забават растот на втората по големина светска економија.
Според последните достапни податоци, турската лира се тргува со над 16 лири за долар, со што вредноста на американската валута од почетокот на годината се зголемува на 18 отсто, бидејќи инвеститорите се повеќе ја доведуваат во прашање одржливоста на економската политика на земјата пред Сесијата за монетарната политика на Турција кон крајот на оваа недела.
Од друга страна, руската рубља продолжи да расте, зајакнувајќи денеска на 57 рубљи за долар за прв пат по четири години, поддржана од продажбата на девизи на компании насочени кон извозот за подмирување на даночните обврски.
Можеби ќе ве интересира
Бектеши најави колкаво поскапување на струјата се очекува
Бесими: Во преговори сме со американска државна банка да го финансира проектот на „Бехтел и Енка“

Бојан Маричиќ: ЕУ по втор пат прашува за „Бехтел и Енка“

Поголемиот буџет донесе рекордни исплати за политичките партии

ОД ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА „ИЗВИРА“ ЛИТИУМ: Ќе отвораат рудници и ќе се зголемува производството на електрични возила
ПАДНА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ: Загрижувачките вести од Кина го „срушија“ барелот

ПАДНАА ИНДЕКСИТЕ НА ВОЛСТРИТ: Инвеститорите стравуваат од зголемување на каматните стапки

„Фактор анализа“: Од 10 до 110! Кои се најголемите трговци на големо во Македонија?

Кина го лансираше Шенжу-16, вселенски брод со екипаж на 5-месечни интензивни задачи во вселенската станица
