Турската писателка Аjкол: Во Германија се формира општество со турски корени
Објавено во: Свет 21 Декември, 2016
Во Германија се формира влијателнo општество со турски корени.
„Старата Германија не е иста“- коментира за БНР, турската писателка Есмахан Ајкол.
„Луѓето во Германија прифатиле дека ова е земја на иселеници. Во последните 16 години во Германија има многу промени. Има веќе втора, трета генерација Турци, а еден од најпознатите режисери Фатих Акин е Турчин. Исто така, постојат многу претставници на турската заедница во политичките партии. Во последните 15-16 години имаше голем развој. Мислам дека по 50 години во Германија ќе има едно влијателно општество со турски корени“- додава Ајкол.
Таа исто е од иселеничко семејство - татко ѝ е Турчин од Македонија, нејзината баба е Бугарка, а дедото Евреин.
Заминува за Германија во 1998 година. По преселувањето во Берлин започнува да пишува криминална литература на турски јазик. Романите добиваат ексклузивна популарност во Турција, Германија, Франција, Шпанија, Грција, Унгарија.