26 Април, 2024
0.0271

Турски воени авиони го вознемирија Ципрас кој леташе со хеликоптер

Објавено во: Балкан 25 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој патувал грчкиот премиер, Алексис Ципрас. 

Додека Ципрас патувал кон островот Агатониси, што се наоѓа во близина на Турција, по повод грчкиот национален празник, турски воени авиони го нарушиле грчкиот воздушен простор и го принудиле хеликоптерот да лета ниско и да прави маневри, додека не интервенирале грчките воени авиони, јави МИА од Атина.

Инцидентот го обелодени самиот Ципрас, кој ѝ порача на Турција дека „џабе троши бензин и керозин“ и доколку е потребно со пливање ќе стигне до најоддалеченото место во Грција.

„Го принудија хеликоптерот во кој бев на некои ниски маневри. Се додека грчките воени авиони, како што секогаш се случува, не ги спречија силите што го нарушија нашиот воздушен простор. И која беше целта? Да го пресретнат хеликоптерот на премиерот? Треба да знаат дека овие бесмислени дејствија немаат никаква смисла. Џабе си трошат керозин и бензин, е пораката што сакам да ја пратам, прво затоа што ние ќе бидеме секогаш тука за да го одбраниме нашиот национален интегритет и второ затоа што грчкиот премиер ќе се најде и на најизолираниот остров од нашата држава, па дури и да биде потребно до таму да стигне со пливање“, вели Ципрас. 

Тој вели дека Грција секогаш е за мир, дијалог и соработка и испрати порака до Турција дека само овие нешта имаат перспектива.

Ципрас беше на одбележувањето на 182-та годишнина од востанието против Отоманската Империја, што турските медиуми го негираат, според информациите од нивни извори.

Армијата на Турција денеска ги негираше тврдењата на грчкиот премиер Алексис Ципрас дека турски воени авиони го пресретнале хеликоптерот со кој тој патувал на островот Агатониси.

Двете земји често имаат нарушувања на воздушниот простор од другата страна.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице