18 Мај, 2024
0.0325

Турските власти отстранија над 10 000 наставници – се подготвуваат и нови учебници

Објавено во: Балкан 09 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Турските власти отстранија од работа над 10 000 наставници, за кои се претпоставува дека имаат врски со забранетата во земјата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Мерката доаѓа поради тековната чистка по неуспешниот државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган на 15 јули.

„Луѓето за кои станува збор, се суспендирани - во платено отсуство, очекувајќи истрага"- соопшти анонимен извор од државната администрација, цитиран од АФП.

Според податоците на агенцијата Анадолија станува збор за вкупно 11 500 лица, кои се осомничени од Министерството за образование дека учествуваат во активности во поддршка на сепаратистичката терористичка организација и нејзините филијали, како што властите ја нарекуваат ПКК. Агенцијата наведува дека се очекува бројот на отстранети од работа да порасне до 14 000 лица во рамките на истрагата што се спроведува во соработка со локалните власти. Порано за време на посетата на Дијарбакир премиерот, Бинали Јилдирим посочи дека до 14 000 наставници ќе бидат отстранети од работа поради врски со ПКК. Мерката против учителите доаѓа откако во летото лани турските власти и ПКК го прекинаа своето примирје и организацијата ги обнови нападите врз силите за безбедност. Во одговор Анкара започна голема операција во југоисточните делови на земјата.

Во исто време весникот  „Хуриет" пишува дека според турски медиуми властите во земјата ќе уништат голем број учебници, за кои се претпоставува дека се напишани од поддржувачи на турскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, за кого Анкара смета дека стои зад неуспешниот државен удар. До почетокот на новата учебна година во Турција на 19 септември ќе бидат подготвени вкупно 250 милиони учебници кои се преработени од Министерството за образование.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА ПИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа