20 Декември, 2025
0.1769

Турција два пати ја предупредувала Франција за едниот од терористите

Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2015 13:26

Добивај вести на Viber

Турција два пати ја предупредувала Франција за еден од напаѓачите од атентатите во Париз - Омар Исмаил Мостефаи. Тоа се случило во декември 2014 година и во јуни оваа година.

Француските власти сепак не реагирале, изјавил за „Франс прес“ висок турски претставник, кој сакал да остане анонимен.

Мостефаи влегол во Турција од северозападната провинција Едрене, која се граничи со Грција и Бугарија, во 2013 година, но нема податоци дека ја напуштил земјата, додал уште највисокиот турски претставник. Според него француските власти се заинтересирале за Мостефаи по нападите од петокот вечерта.

Тој истакнува дека на 10 октомври 2014 година Турција добила од француските власти барање за информации за четворица осомничени за тероризам, но Мостефаи не бил помеѓу нив, иако е наведен од страна на Турција како потенцијална терористичка закана.

29-годишниот Мостефаи беше официјално идентификуван од француската полиција. Тој е идентификуван по отпечатоците, откако се разнесе во концертната сала „Батаклан“. Тој бил еден од тројцата напаѓачи, кои носеле појаси со експлозиви на местото каде што загинаа повеќето луѓе - 89 лица.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај