Турција откри кој стои зад терористичкиот напад во Анкара
Објавено во: Балкан 28 Октомври, 2015 15:24
Терористичкиот напад на 10 октомври во Анкара, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе, бил планиран во градот Газиантеп по директни наредби од „Исламска држава“, објави турското обвинителство.
Нападот бил насочен кон нарушување на парламентарните избори, соопшти „Ројтерс“, повикувајќи се на турски обвинители.
Во писмено барање на обвинителството во Анкара објавија дека располагаат со докази, посочувајќи дека експлозиите во Анкара биле насочени кон нарушување на планираните избори на 1 ноември.
На 10 октомври во центарот на турската престолнина две моќни експлозии убија 102 лица. Нападот бил најкрвавиот во историјата на Турција, а беше извршен од страна на двајца бомбаши.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




