20 Декември, 2025
0.0452

Турција поднесе тужба против “Газпром” за цената на природниот гас

Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2015 13:40

Добивај вести на Viber

Турската гасна компанија „Botas“ поднесе тужба пред меѓународна арбитража против „Гаспром“, оспорувајќи ја цената на природниот гас.

За жалбата било известено министерството за енергетика и природни ресурси на Русија. Тужител е државната гасна компанија, a основата за доведување е запишанa во договорот за испорака на гас, потпишан помеѓу двете земји на 29 декември 2014 година.

Во 2014 година „Botas“ побарала писмено од „Газпром Експорт“ намалување на цената на природниот гас, додаваат од компанијата.

„Како резултат од преговорите беше постигнат договор за намалување на цените и голем попуст, кој почна да дејствува од 29 декември 2014 година. До истекот на шестмесечниот мандат на разгледување на договор - 29 јуни 2015 година, „Botas“ не се обратила кон арбитража за ревизија на цените. Потребните документи, во кои беа склучени постигнатите аранжмани порано, така и не беа потпишани“, се вели уште во соопштението на турската компанија.

На 31 јули рускиот министер за енергија Александар Новак посочил дека „Гаспром“ и „Botas“ постигнале договор за попуст во цената на природниот гас од 10,25 отсто. Тој, сепак, призна дека никакви договори за овој попуст и не е потпишано ништо.

Руските медиуми со месеци коментираат дека недостатокот на договор за цената на бензинот и главно за намалувањето што да користи турската страна, го запираат развојот на „Турски поток“.

Денес претставник на „Гаспром“, Сергеј Купријанов потврдил дека во договорот со „Botas“ е предвидена можноста компанијата да се сврти кон арбитража, за да ја оспори цената на природниот гас. Барањето на Турција е поднесено на 26 октомври.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација