Турција уапси членови на „ИД“, кои подготвувале атентат
Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2015 11:31
Полицијата во Турција уапсила деветмина осомничени членови на групата „Исламска држава“, кои се подготвувале за напад врз канцеларија на партија во Истанбул, објавија локалните власти во југоисточниот град Газиантеп.
Двајца од нив биле уапсени по кратка бркотница со полицијата во Газиантеп, а другите седум биле уапсени во полициска акција во петокот, се вели во соопштението, цитирано од новинската агенција „Ројтерс“.
„Членовите на групата биле фатени со возила, гранати, експлозиви и оружје, кои требало да ги користат во нападот. Беа спречени крвави напади со цел да создадат атмосфера на страв и хаос пред парламентарните избори“, се дополнува во соопштението.
За време на изборите во неделата владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) доби мнозинство во парламентот - нешто што не успеа да го направи на претходните избори во јуни.
Според соопштението на властите во Газиантеп не е познато која била партијата, против која се подготвувал нападот, туку само дека тој бил порачан од повисок член на „Исламска држава“ во Сирија. Турските обвинители објавија минатата недела дека има сериозни докази дека клетка на групата во градот во кој извршила неколку бомбашки напади, чиј врв беше двојниот самоубиствен напад во Анкара, во кој загинаа повеќе од 100 луѓе.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




