20 Декември, 2025
0.0650

Туск: Македонија може да смета на поддршката на ЕУ кога ќе најде демократско решение засновано на здрав разум

Објавено во: Македонија 03 Април, 2017 15:20

Добивај вести на Viber

„Разбирам дека сега не се лесни времиња и дека имате голема одговорност, овие времиња бараат државнички однос и ништо помалку“, вака претседателот на европскиот совет му се обрати на шефот на државата по завршувањето на средбата меѓу двајцата функционери а на стартот на заедничката прес конференција.

Доналд Туск искажа задоволство од односот кој Македонија го покажала во однос на мигрантската криза и рече дека се надева оти овој однос ќе ја продолжи соработката а заедницата ќе излезе во пресрет на сите потреби на терен без оглед на тоа дали се работи за хуманитарна поддршка за локалните заедници или во форма на опрема или човечки ресури и преку граничната полиција на Европската унија.

Со силна порака од лидерите и институциите на ЕУ претседателот на Европскиот совет рече дека работењето кон постигнување членство на ЕУ и НАТО постојано се покажувало како фактор на единство, единство кое што е многу потребно во нашата земја денес.

Туск искажа надеж дека Македонија ќе продолжи да го следи тој внатрешен компас и дека ќе го избегнува се она што може да ги подгрее тензиите меѓудругото и по етничка основа .

Првиот човек на советот на ЕУ му посочи на Иванов дека му одговорил на неговото писмо во почетокот на март околу изнаоѓањето на излез од тековната политичка криза.

„Оваа продолжена криза ја задржува Македонија на нејзиниот евроатланстки пат а вас ви останува да најдете решение кое ќе биде засновано на демократските начела, пристојност и здрав разум.

Само таквото решение може да биде одржливо. Кога ќе го пронајдете можете да сметате на нашата поддршка“, рече Туск на крајот на пресконференцијата.

Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име