ТВРДИНА НА БАЛКАНОТ: Словенија почна да крева ограда на границата со Хрватска!
Објавено во: Балкан 11 Ноември, 2015 11:26
Рано утринава пристигнале првите камиони натоварени со ограда, која ќе биде поставена на границата на Словенија со Хрватска.
Властите во Љубљана постојано овие денови предупредуваа дека ќе постават 1,8 метарска жица долж границата со Хрватска со цел да биде запрен миграцискиот притисок врз државата. Првите камиони пристигнале во регионот на Велики Обрежат, недалеку од Хармица.
„Оградата ќе има за цел да ги насочува бегалците кон границите. Словенија нема да ги затвора границите, но сака да го спречи неконтролираниот наплив на бегалци во нивната земја. Со што нема да допуштат хуманитарна катастрофа во Словенија“, изјавил вчера словенечкиот премиер Миро Церар .
Фоторепортерите на „Reuters“ изјавиле дека виделе полицајци и војници околу камионите кои ќе започнат со поставувањето на оградата. Според словенечките медиуми оградата била купена од Унгарија.Поставувањето на оградата е започнато рано утринава прво во регионот на Добово каде има забрана за пристап на новинари, соопшти „24ur“. Словенечката државна агенција „СТА“ соопшти дека поставувањето на оградата ќе започне и во реонот на Брежица и Заврач во текот на денешниот ден.
Во понеделникот се одржа вонредна седница на владата во Љубљана. Министерот за надворешни работи Карл Еравец предупреди дека се очекува нов бран бегалци од над 30 000 луѓе од Грција. „Владата се запозна со групните информации и очекува дополнителен наплив на мигранти по т.н. „Балкански пат“, како и можноста Германија и Австрија да воведат ограничувања за нивниот прием“, се велеше во владиното соопштение. Во него се потенцира дека овој развој може да ја застане Словенија пред неконтролирана ситуација и да доведе до многу тешка хуманитарна криза.
Во последните 48 часа има огромен организиран миграциски притисок кон Македонија од соседна Грција. Сеуште никој не го знае точниот број, но сигурно станува збор за над 10 000 луѓе. По 19-ти јуни во Македонија од Грција дошле над 250 000 мигранти.
Потсетуваме дека Унгарија исто така издигна огради за да го запре бегалскиот поток, и ги затвори своите граници прво со Србија, а потоа и со Хрватска.
Можеби ќе ве интересира
Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај




