Уапсен напаѓачот на пратеникот Горан Милевски
Објавено во: Македонија 03 Април, 2018 21:32
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва изјави дека е идентификувано и приведено лицето кое го нападна пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски.
Тој во емисија на ТВ Канал 5 кажа дека станува збор за лицето П.В. од Скопје, кое од порано и е познато на полицијата.
„Се преземаа мерки за расчистување на целиот овој напад што се случи. Ние идентификувавме лице. Беше дадено во јавноста за да може да биде препознаен неговиот идентитет. МВР го утврди идентитетот. Лицето е приведено во полициска станица и согласно насоките на Јавното обвинителство ќе се постапува понатаму“- вели Спасовски.
Спасовски изрази благодарност до сите граѓани кои доставиле информации и податоци за лицето на фотографијата, која беше објавена во јавноста.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




