Ученици од Неготино имаа он лајн час со Бил Гејтс: Интервју со наставничката Димова
Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020
Таа е позитивен пример за наставничка. И во вакви услови успеа да примени најуспешен модел за учење. Наставничката по информатика во основното училиште „Страшо Пинџур“, Неготино - Георгина Димова.
Таа привлече особено внимание со тоа што им овозможи на нејзините ученици да бидат дел од онлајн час на кој гостуваше американскиот бизнис магнат - инвеститор, филантропист, а најдобро познат како ко-основач на „Microsoft Corporation“, Бил Гејтс.
Но, таа вели дека запознавањето со Бил Гејтс не е најголемото достигнување во овој вид на настава, за неа многу побитен е моментот каде учениците се запознаваат со начинот на глобално учење преку поврзување.
Во интервју за Женски магазин, наставничката Димова раскажува како нејзините ученици ги подготвува уште од основно училиште токму на глобалното учење преку поврзување со нивни врсници од цел свет.
Интервјуто на Женски магазин овде