09 Октомври, 2024
0.0266

УЧИТЕЛ ЗА ПРИМЕР ГО ТРОГНА СВЕТОТ: иако немаат компјутери, ученици во ГАНА учат WORD од табла

Објавено во: Стил 02 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Милиони позитивни реакции предизвика учител од Гана, кој им овозможи на своите ученици да се запознаат со функциите на WORD  документот иако тие пред себе немале компјутери. 

Учителот од школото во Кумаси, знаејќи дека децата ја немаат таа привилегија да учат информатика на компјутер, им го пренесе своето знаење цртајки WORD документ со креда на својата табла. 

 „Го правам тоа за моите ученици да разберат што им предавам. Барем да им дадам слика за она што би го виделе кога би застанале зад компјутер“ – изјавил тој.