24 Април, 2024
0.0304

Ударните тупаници на ВМРО ДПМНЕ, освен Груевски во аут, коj се e на листата за пратеници

Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ги достави листите со кандидати за пратеници. Од она што на прв поглед може да се забележи е дека на листите иако се шпекулираше го нема Диме Спасов. Од „компромитираните„ политички имиња во политичките бомби објавени преку проектот „Вистината за Македонија“, од страна на СДСМ, ги нема Гордана Јанкуловска, Зоран Ставрески, Миле Јанакиески. Иако се шпекулираше дека е возможно на листата за пратеници да се најде и Сашо Мијаклов сепак неговото име го нема во листите..

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, на Скопски Саем денеска и официјално ќе ги претстави своите кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември 2016 година...

Фактор успеа да дојде до дел од имињата кои се најдоа на листите на коалцијата на ВМРО ДПМНЕ..

Во првата изборна единица, носител е Никола Попоски, зад него се министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, Борис Змејковски, Драган Данев, Даниела Рангелова, Љупчо Димовски, Крсто Јовановски, Чедомир Саздовски, Светлана Јакимовска, Јасминка Дамческа..

Во втората изборна единица каде носител е Никола Тодоров, на листата се уште и спикерот на парламентот Трајко Вељаноски, понатаму Жаклина Пешевска, Иван Стоилковиќ, Амбди Бајрам, Владанка Авировиќ, Зоран Ѓорѓиевски, Јохан Тарчуловски, Весна Дамчевска - Илиевска, Невенка Стаменковска.

Во третата изборна единица носител е Илија Димовски, а зад него е премиерот Емил Димитриев, понатаму на листата се уште и Слаѓана Митовска, Трајче Димков, Стојан Миланов, Магдалена Манаскова, Зеќир Рамчиловиќ, Никола Мицевски, Благица Ласовска, Емилија Александрова..

Во четвртата изборна единица носител е лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, зад него се Ванковер Манчев, Ана Лашкоска, Панчо Минов, Весна Пемова, Васил Пишев, Нада Ципушева, Димитар Стевананџија, Драган Цуклев, Павлинче Честојнова.

Во петата изборна единица носител е Антонио Милошоски, зад него се Зоран Илиоски, Лилјана Затуроска, Љубен Арнаудов, Благоја Деспотоски, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Лилјана Кузмановска, Соња Талевска..

Во шестaта изборна единица носител на листата со пратеници е пратеникот Влатко Ѓорчев..

На прв поглед, ВМРО ДПМНЕ, своите коалициони партнери генерално ги има сместено во втората изборна единица. Коалициониот партнер на Груевски, ГРОМ, има едно сигурно место во парламентот, а тоа Панчо Минов. Актуелниот пратеник Чедомир Саздовски е во првата изборна единица, но на осмата позиција, што е како што коментираат познавачите едвај на граница, па дури и тоа е дискутабилно.

И.М

Можеби ќе ве интересира

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава